It’s A 10 Coily Mask 240ml

It’s A 10 Coily Mask 240ml

2.610,00 ден

In stock

2.610,00 ден

Category: Tags: , , Brand:

Третман за нега на кадрава и брановидна коса.

Намена: Третман наменет за обнова, хидратација и дефинирање на кадрава и брановидна коса.

Дејство: Природно кадравата и брановидна коса е понекогаш деликатна и тешка за справување, и е од исклучително значење да ја добие соодветната нега. Кога косата е соодветно негувана и здрава одвнатре, однадвор изгледа здрава, мека и беспрекорно сјајна. It’s a 10 Miracle Coily Mask го прави токму тоа. Навлегува длабоко во структурата на влакното за длабински да ја регенерира и хидратира оштетена коса. Воедно, го враќа сјајот и еластичноста на косата и помага за полесно расчешлување, а одличен е и при користење кај бојадисаната коса бидејќи ја заштитува бојата од избледување.

10 придобивки за косата: 

  1. Длабока хидратација.
  2. Ја заштитува косата од понатамошно кинење.
  3. Го контролира нивото на влага.
  4. Ја потхранува косата.
  5. Ја враќа еластичноста на косата.
  6. Ја скротува непослушната коса.
  7. Помага за полесно расчешлување.
  8. Го контролира волуменот.
  9. Одличен за бојадисана коса.
  10. Лесна и бестежинска формула.

Состав:

  • Масло од авокадо
  • Кокосово масло
  • Шеа путер
  • Екстракт од монои

*Специјалната формула на Coily колекцијата е внимателно создадена од спој на богати витамини кои го потхрануваат и зајакнуваат влакното. Обезбедува балансирана хидратација и помага во обнова и подобрување на здравјето на влакното со секоја следна употреба.

Начин на употреба:Нанесете од скалпот па се до врвовите на чиста коса, претходно измиена со Miracle Coily Hydrating Shampoo . Оставете да делува 3 до 5 минути, потоа темелно исплакнете.